Тренерот на Алдо: Победничкиот удар на Мек Грегор беше чиста среќа!

Udarot na Mek Gregor na Aldo

За време на УФЦ 194 Конор Мек Грегор го победи Хозе Алдо со нокаут за 13 секунди и стана шампион во перо категорија.

Тренерот на Алдо смета дека ударот со кој Мек Грегор стави крај на владеењето на дотогашниот шампион бил плод на чиста среќа.

По дуелот многу се шпекулираше со тоа дали Алдо ќе се повлече и дали Конор Мерк Грегор ќе се пресели во лесна категорија, за да се бори за титулата и против Рафаел дош Ањош.

„Како можеш да кажеш на супер шампион, како Алдо, дека направил погрешен потег? Ако треба да го анализираме мечот, Алдо нападна прв и зададе удар, потоа го пушти Мек Грегор да нападне. Алдо не се повлече, а се приближи, тогаш овој удар заврши право во брадата. Мек Грегор не целеше таму. Ако Алдо не се затрчаше напред, тој немаше да го погоди“, рече тренерот на Алдо, Андре Педернеирас.

„Тој исто така би требало да го признае тоа, но на него сега е многу лесно да се зборува. Што ќе се случеше, ако Алдо не ја допуштеше оваа грешка? Мораме да признаеме дека тој имаше среќа. Само за мене, начинот на кој тој ја тресна брадата на Алдо беше чиста среќа“.

Според Педернеирас, Алдо со нетрпение  побара брз реванш, за да ја врати титулата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON