Тренерите Костовски се откажуваат од наградата на Владата во корист на Дејан Георгиевски

„Владата доделила 20. 000 евра за македонската спортска икона Дејан Георгиевски и 10.000 евра за тренерите.

Мојот брат д-р Борче Костовски и јас како тренери на олимпискиот сребрен медалист Дејан Георгиевски, апсолутно се откажуваме од премијата што е доделена за нас. Секако, таа целосно треба да биде насочена кон олимпискиот вицешампион, новата македонска гордост !“, напиша на Фејсбук тренерот Дарко Костовски и додаде:

„За нас како тренери во овие моменти доволен е олимпискиот историски сребрен медал (СО ЗЛАТЕН ОТСЈАЈ)“!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON