Тренерите го прифатија календарот на Боксерската федерација

 

 

Во Скопје се одржа состанок на селекторот на боксерската репрезентација Петар Чурлиновски, тренерите на репрезентацијата Фатон Салиху и Илија Младеновски и секретарот на Боксерската федерација на Македонија (БФМ) Душко Сачкарски со тренерите на клубовите за да им го презентираат календарот на Федерацијата за 2017 година.

Календарот на БФМ кој прилично е набиен до крајот на годината е прифатен едногласно, при што е договорено секој клуб да преземе по едно домаќинство на Боксерската лига.

Се поставило прашањето за учества на Европското првенство за кадети, но селекторот Чурлиновски и тренерот Салиху оцениле дека имаме боксери за дома, но не и за ЕП во овој момент. До крајот на годината боксерите ќе имаат по 15-тина борби, со што ѓе се има увид во нивниоте можности, така што акцент ќе се даде на 2018 година со целосна програма.

Ќе се подготвува семинар за тренерски лиценци.

Станало збор преку Пинк пантер да се овозможи учетсво на сите потенцијални репрезентативци во Регионалната лига, но засега останува востановената соработка со Аперкат и Чаир, како и со боксерите од Битола кои се регситрирани за штипскиот клуб.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON