Тренер по бокс зборува на телефон додека го советува и освежува својот борец

Боксерски тренер предизвика смеа меѓу навивачите кога беше фатен од камерата како телефонира меѓу рундите на боксерски меч во Њукасл.

Тренерот беше во аголот на полскиот боксер Конрад Чајковски, кој се соочи со Англичанецот Овен Рис. Борбата меѓу нив беше во полусредна категорија. Неверојатно, тренерот со едната рака му дава вода на Чајковски додека со другата зборува на телефон.

Не се знае со кого разговарал по телефон, но, според упатените, биле дадени совети како да се добие мечот. Сепак, тоа беше залудно, бидејќи Полјакот загуби. Во моментов не постои правило на Британскиот боксерски одбор за контрола што ја забранува оваа необична практика.

Чајковски на крајот беше запрен во петтата рунда, намалувајќи го својот професионален скор на 2-2-1, додека Рис го подобри на 2-0.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON