Трајан Ангелов (-100 кг) на Светското првенство за ветерани во Пловдив, Бугарија, го освои бронзениот медал во категоријата до 100 килограми за возрасни од 56 до 60 години.
Во првата борба неговиот противник од Казахстан Игор Зандепријани беше дисквалификуван, најверојатно не се појавил на душекот, затоа што и во другите борби е дисквалификуван, а потоа изгуби уште две борби.
Ангелов е поразен со по 6-0 од Јохн Лотар од Греманвија во второто коло и во четвртото од Родбари Шагеи Махмуд. Во последната борба се бореше против Јужноафриканец Сатон Кристофер Ендрју која заврши нерешено 4-4, но ја предаде и изгуби. Сепак, тој го освои бронзениот медал поради бројот на учесниците.
На поранешниот борач на Бучим му се посреќи и освои медал од Светските првенства за ветерани откако за малку не успеа на СП во Атина пред две години.
Ipon.mk/В.Д.