Американскиот боксер Дарел Телисме е уапсен под сомнение дека го убил Стен Станикласе, својот вечен ривал во рингот од кого редовно губел.
На една забава во Палм Бич, Дарел Телисме под дејство на алкохол со огнено оружје го застрелал талентираниот боксер, Стен Станикласе, кој во текот на изминатите четири години константно победувал во меѓусобните мечеви.
Телисме навистина често боксувал со Стен во последните четири години, но секој пат губел.
Инцидентот се случил по една приватна забава на Палм Бич, а извештаите велат Дарел Телисме се опил и притоа пукал од огнено оружје кон Станикласе, при што го усмртил.
Нивните односи биле нарушени од претходно, а Телисме неколку пати му се заканил на Стен, по што тој купил пиштол со цел да се заштити, но сепак тоа не му помогнало.
Станикласе во 2012. година ја освоил „Златната ракавица“ на Флорида и учествуваше во квалификациите за Олимписките игри во Лондон.
Од друга страна Телисме е познат како проблематичен лик, бидејќи во 2012 година бил уапсен по физичкиот напад врз полицаец кој го запрел поради брзо возење.