Трагедија: Прележа коронавирус, даде крвна плазма, па почина на тренинг (ФОТО)

Борачот Бендегуш Тот од Унгарија почина на 22 години на тренинг, лекарската интервенција била брза но не успеале да го спасат 22-годишниот борач.

Брзата помош стигнала брзо на местото на настанот, но за жал реанимацијата не била успешна.

„Не сакаме да веруваме дека тој повеќе не е со нас. Немаше индикации дека може да му се случи таква трагедија во толку рана возраст. Додека седеше на грбот на еден од неговите клупски колеги на тренинг, му се слоши, мускулите му беа опуштени. Се обидовме да му помогнеме, и докторите направија се што можат, но не успеавме да го спасиме“, истакна таткото на спортистот, Жозеф Тот.

Причината за смртта не е позната, а тој пред два месеци успеа да победи вирусот Ковид-19 и донираше крвна плазма потребна за лекување на други заболени од овој опасен вирус.

“Бидејќи имаше симптоми кои укажуваат на коронавирус, беше ставен во карантин две недели. Заразата исчезна, а во март на неколку спортисти им даде крвна плазма. За него беше откриено дека го има вирусот веќе на првиот тест, а следните две беа негативни“, додаде Жозеф Тот за унгарските медиуми.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО