Трагедија: Боксерот кој собори рекорд на Тајсон починал на 35-годишна возраст

Светската боксерска сцена е шокирана од информацијата која пристигна утринава, а која вели дека на 35-годишна возраст починал Пол Бамба.

Порториканскиот боксер изминатиов период веќе оствари сериозни резултати, почна да соборува рекорди, па дури реши да го предизвика и Џејк Пол на меѓусебен дуел во рингот.

Бамба починал од засега непознати причини, а информацијата ја потврдиле членови на семејството и неговиот агент Не-Јо.

Порториканецот на 21 декември стигна до ВБА крузервејт појасот откако го победи Мексиканецот Рохелио Медина, а за тоа каква година му беше 2024-та покажува фактот што сите 14 борби ги доби со нокаут.

Со овој ефект во една календарска година, Бамба го собори рекордот на Тајсон кој беше актуелен 38 години.

Во професионалната кариера тој имаше 19 победи на 22 борби, а 18 од победите му беа со нокаут.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО