Светскиот шампион во тешка категорија на ИБФ Даниел Дубоа му одбруси колегата од Квинсбери промоциојата Тајсон Фјури кој неодамна го претрпе вториот пораз од Александар Усик.
Непоразениот украински боксер кон средината на мај го победи Џипси Кинг, а тоа го повтори и на неодамнешниот боксерски настан во Ријад кога со едногласна одлука на судиите го победи борецот од Моркам.
Тешко дека Фјури по два порази ќе добие трет меч против Усик, па сега мора да биде подготвен за борба против послабо рангираниот противник од светската ранг-листа. Дали има желба или волја за тоа?
„Фјури имаше одлична кариера. Мислам дека е време да каже доволно“, изјави Даниел Дубоа и јасно му стави до знаење на Тајсон дека треба да размисли за пензионирање.
Триесет и шестгодишниот Тајсон Фјури ја започна професионалната кариера во 2008 година и за тоа време освои 34 победи (24 нокаути), едно реми и има два порази.
Пред девет години ја шокираше боксерската јавност кога со едногласна одлука го победи Владимир Кличко и ја освои титулата светски шампион.
По тој меч Џипси Кинг падна во криза, се бореше со проблеми како депресија, алкохол, дрога и вишок килограми, во еден момент имаше 180 килограми.
Две и пол години подоцна се врати во рингот и доби шанса повторно да стане светски шампион. А тоа му успеа во 2020 година на вториот меч против Дионтеј Вајлдер.
Фјури го победи Бронзениот бомбардер со ТКО во седмата рунда и ја освои титулата на ВБЦ, која успешно ја бранеше три пати.
Многумина прогнозираат дека следниот меч на Фјури би можел да биде против Ентони Џошуа. Дуелот на двајца големи британски тешкаши, кои ја загубија последната борба, би можел да се случи во 2025 година.
А Даниел Дубоа сега се надева на реванш против Усик и тоа би било меч за повторно обединување на титулите во тешка категорија. Но, прво треба да го победи Џозеф Паркер во февруари.