Традиционалниот борач Кристијан Штуки го победи Рожер Федер за „Спортист на Швајцарија 2019“

Во годината која што изминува Роџер Федерер не е најдобар швајцарски спортист. Оваа информација сама по себе е водечка вест во швајцарските медиуми. 

Федерер не успеа по осми пат да го освои признанието и во изборот за 2019 година заврши на втората позиција.

Традиционалниот борач Кристијан Штуки сензационално го освои првото место во изборот. „Кралот на борењето“, како што го нарекуваат Штуки, собра повеќе гласови од Федерер и велосипедистот Нино Шучер. 

Оваа награда се одржува во Швајцарија од 1950 година и првпат победник е традиционален борач.

https://www.blick.ch/sport/schwingen/ein-quickie-gegen-wicki-nach-42-sekunden-kroent-sich-stucki-zum-schwingerkoenig-id15483155.html

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON