Тоше Живков уште еднаш ја покажа својата вредност освојувајќи го петото место во катгеоријата над 90 килограми на „Дајмонд купот“ во бодибилдинг под покровителство на ИФББ, што се одржа во Скопје.
Овој резултат е остварен во силна интернационална конкуренција, при што првото место го освои преставник на Турција, а потоа следат натпреварувачи од Емирати, Малта и Италија.
Дајмонд купот се одржува во сите земји во светот и се собираат бодови за профи карта.
Живков вели дека може да се носи и со најсилните и дека резултаеот можел да биде и подобар. Од друга страна, истакнува дека ланскиот апсолутен првак на Македонија останал зад него.
„И покрај моето отсуство неколку години, се уште никој не ме победил од нашата земја“, вели Живков.
https://www.facebook.com/1514554578783478/videos/299720660852932/
Ipon.mk