Кикбосерот Тоше Цветков на 25 март во Карлсруе ќе се сретне со Луис Јунг од Германија во категоријата над 95 килограми во К-1 на настанот „Карлсруе Фајт најт“.
Цветков имаше поголема пауза па ова е можност да ги покаже квалитетите во К-1, но тоа е и време искритено за подготовки и чеистење на техниката.
„За борбава се подготвував два месеца. Подготовките се одработија како што треба, се работеше на техниката, на снагата, на кондициската подготвеност. Немав повреди во текот на подготовките, а тоа е најбитно. Добро сум подготвен, не би требало да имам некои поголеми компликации во текот на борбата. На се што е подготвен противникот да направи против мене, подготвен сум да му одговарам. Така, ќе дадам се од себе и се надевам ќе ја донесам победата во Македонија“, вели Тоше Цветков за Ipon.mk.
Ipon.mk/В.Д.