Нашиот кикбоксер Тоше Цветков кој викендов настапи на СФЦ 2 во Петрич вели дека буквално е оштетен и ограбен, бидејќи борбата беше прогласена за нерешена. Но не е само тоа…
„Јас не се борев со Спациотис, туку со друг Грк, Алтоунис Памагиотис, кој беше 10 кг потежок од мене. Спациотис откажа.
Цело време доминирав во борбата, не знам поради која причина досудија нерешено. По завршувањето на борбата пратив жалба до претседателот на организацијата и тој ми рече дека ќе ја прегледа борбата и ќе го објави официјалниот резултат. А, во Грција во една од статиите е напишано дека сум поразен. Со душа ја чекам снимката од мечот“, изјави Тоше Цветков за Ipon.mk, кој настапи во К-1.
Ipon.mk/В.Д.