Нашиот кикбоксер и ММА борец, Тоше Цветков, на крајот на месецот ќе излезе на рингот во Панчево, Србија, на Комбат челинџ 10 против Алексанадар Милојевиќ.
Борбата е по К-1 правила во категоријата до 91 килограм.
„Милојевиќ е агресивен и цврст противник. Се натпреварува во бокс, кик бокс и ММА. Мисламдека има околу 10 профсионални борби. Колку што можев да забележам на видео материјалите, момчето знае само за напад, а ќе видиме дали тоа ќе му помине и кај мене, затоа што ќе му приредам жив пекол во тие 9 минути“, изјави Цветков.
Борбата е од професионален карактер во 3 рунди по 3 минути.
„Подготвен сум, се цувствувам одлично. Стенд-ап е мојата дисциплина, ја обожавам и ќе дадам се од себе, па кој е подобар нека победи“, вели Тоше за мечот на 28 февруари.
Ipon.mk/В.Д.