За средбата Федор-Вондерлеј одлучуваат навивачите!

Fedor i Silva se smeaat

Имате ли интерес за борба меѓу Федор Емилијаненко и Вондерлеј Силва во Јапонија?

Претседателот на MMA организацијата Ризин, Нобујуки Сакакибара ќе направи се што е во негова моќ за да ја организира оваа средба … колку да се види дека има доволен интерес меѓу љубителите на ММА.

„Овој месец ќе ги посетам САД, каде што ќе се сретнам со Вондерлеј. Тој е борец за кого не сме заинтересирани само ние, туку сите фанови на боречките спортови. Нашата цел е да ги исполниме желбите на гледачите.

Постои можност да се одржи средба меѓу него и Федор Емилијаненко. Ако има многу фанови кои сакаат да ја видат оваа средба, ќе се потрудиме тоа да се случи“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО