Топурија сака да го нокаутира Конор и да отвори ново поглавје во историјата на ММА

Шампионот на УФЦ во перо категорија Илија Топурија (15-0) изрази желба да се бори со суперѕвездата на организацијата и поранешен шампион во две дивизии Конор Мек Грегор (22-6).

„Тоа е како книга. Претставува цело поглавје во историјата на ММА. Верувам дека дојде време да се затвори ова поглавје и да се започне ново. Верувам дека борба со него, победа над него, ќе биде крај на едно поглавје и почеток на друго – ново поглавје“, изјави Шпанецот.

Топурија го нарече Мек Грегор „совршениот херој“ во историјата на ММА. Тој вели дека неговата цел е „да ги развие мешаните боречки вештини, да ги популаризира“.

„Колку повеќе луѓе учат за ММА преку мене, толку подобро. Токму ова е вид на работа што сакам да ја работам“.

Илија тврди дека наскоро со шефовите на УФЦ ќе разговара за проектот за одржување турнир во Шпанија. „Ова не е лесна задача. Но, првите чекори во оваа насока се веќе направени. Дали Конор ќе биде мојот противник? Не го знам тоа. Но, не би бил изненаден ако биде тој“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON