Илија Топурија го победи Александар Волкановски и стана првак во перолесна категорија во ултимејт фајт, а новиот шампион се врати во својата Шпанија.
Топурија има грузиски родители. Тој е роден во градот Хале во Германија, но кога имал седум години, се вратиле во Грузија. На 15 години Топурија се пресели во Шпанија и во УФЦ настапува како Шпанец.
Тој се чувствува и Шпанец и Грузиец. Ја сака Шпанија, навива за Реал Мадрид, таму живее, кога слета во Мадрид, на аеродромот беше пречекан од стотици навивачи, но „Ел Матадор“ уште нема шпанско државјанство.
„Кога слетав, помислив зошто морав да поминам од каде што поминуваат странците и зошто добив честитка од премиерот на нашата земја. Ме боли тоа, но не сум огорчен“, рече Топурија на прес-конференцијата во Мадрид.