Топурија до Холовеј: Подготви ја перницата!

Актуелниот носител на титулата во перо категорија на УФЦ, шпанско-грузискиот борец Илија Топурија, го вклучи популарниот Хаваец Макс Холовеј.

Илија негираше дека одбил реванш со Александар Волкановски и изразил подготвеност за Холовеј. „Ел Матадор“ верува дека ќе успее да го нокаутира Хаваецот, кој неодамна ја освои титулата БМФ. Макс успеа да го нокаутира Џастин Гејџи и сега е на бранот на славата. Да потсетиме, во својата последна борба која се одигра на 18 февруари на УФЦ 298, Илија Топурија го победи Волкановски.

Сега е подготвен за првата одбрана на титулата и сака да биде против Холовеј. Алекс неодамна изјави дека Макс ќе го победи Илија, кој очигледно не се согласува. Топурија на социјалните мрежи објави фотографија од нокаутот над Волкановски и го предупреди Макс да си ја подготви перницата, бидејќи и тој ќе биде нокаутиран:

„Никогаш не одбив реванш со Алекс бидејќи УФЦ не ми ја понуди таа борба. Како што сум кажал многу пати, ќе бидам првиот што ќе го нокаутира Холовеј. Да бидеме кратки. Макс, сакаш да се бориме? Ако да, тогаш нема што повеќе да се дискутира. Остави го појасот и подготи ја перницата“, напиша Топурија на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by El Matador (@iliatopuria)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON