Топ борец застанува во аголот на Нгану за пресметката со Гане

Шампионот на УФЦ во тешка категорија Френсис Нгану ќе може да смета на поддршката од уште еден шампион на организацијата за време на мечот со Сирил Гане.

„Предаторот“ кој излегува во прва одбрана на појасот ќе се бори на главниот настан на УФЦ 270 што ќе се одржи во раните утрински часови во недела (по македонско време). Нокаутерот роден во Камерун ќе се потпира на советите на еден од најдобрите борци во организацијата – Камару Усман.

Владетелот во полусредна категорија ќе биде дел од штабот на Нгану за време на мечот во Хонда центарот.

Двајцата Африканци се добри пријатели и често тренираат заедно. Нигерискиот кошмар ќе му ја врати услугата на Нгану, кој, пак, беше дел од аголот на Камару во неговата последна одбрана против Хорхе Масвидал во 2021 година.

„Френсис е целосно подготвен за мечот“, изјави Усман неколку минути по официјалното мерење.

„Тој е целосно фокусиран на својата задача што му претстои. Од моите набљудувања гледам дека е мирен и мотивиран да им покаже на сите каков убиец е“, додаде Камару.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON