Светскиот шампион во четири категории Сол Алварез – Канело не беше меѓу петте најплатени боксери во 2024 година за прв пат по многу години. Во ростерот за прв пат по долго време се врати и Мајк Тајсон.
Според Essentially Sports, Тајсон заработи 20 милиони долари за борбата против Џејк Пол, а со дополнителни 20 милиони долари бонуси и спонзорства заврши на петтото место, 5 милиони повеќе од Алварез. Овој рејтинг го одразува само најголемиот хонорар за една борба, при што Алварез всушност е пред Тајсон во однос на вкупните хонорари за годината.
На четвртото место е Џејк Пол, кој за борбата со Тајсон доби 40 милиони долари.
Третото место е на Ентони Џошуа, кој заработи 50 милиони долари од борбата против Френсис Нгану.
На второ место е Тајсон Фјури, чиј хонорар за првата борба со Александар Усик изнесуваше 105 милиони долари, а Усик е на врвот на листата со 114 милиони долари за реваншот.
Да забележиме дека овој рејтинг го зема предвид само најголемиот хонорар за една борба. Кога би се пресметале хонорарите за сите натпревари во годината, Фјури би бил на првото место, а Алварез веројатно најмалку четврти.