Поранешниот привремен шампион на УФЦ во лесна категорија Тони Фергусон ќе се сретне со поранешниот шампион Ентони Петис.
Првата борба од октомври минатата година кога против Кевин Ли ја освои привремената титула Фергусон (23-3, 13-1 УФЦ) ќе ја одработи на 6 октомври на УФЦ 229 во Лас Вегас.
Настанот го предводат Хабиб Нурмагомедов и Конор Мек Грегор.
Петис (21-7, 8-6 УФЦ) е 2-1 по враќањето во лесна категорија. Ги победи Џим Милер и Мајкл Киеза и загуби од Дастин Поиер.
УФЦ 229:
Хабиб Нурмагомедов – Конор Мек Грегор
Дерик Луис – Александар Волков
Јусиер Формига – Серхио Петис
Доминик Рејес – Овинс Сент Про
Феличе Хериг – Мишел Вотерсон
Јана Куницка – Лина Лансберг
Шон О’Мели – Хозе Кинонез
Рајан Ла Флар – Тони Мартин
Скот Холцман – Алан Патрик
Ник Ленц – Греј Мајнард
Тони Фергусон – Ентони Петис