Тони Фергусон верува дека скорот на победи и порази на Хабиб не е вистинит, туку лажен

Сè уште актуелниот шампион во лесна категорија на УФЦ, без пораз, Хабиб Нурмагомедов забележа 29 победи во текот на кариерата, од кои последните 13 во најсилната светска ММА организација.

Дагестанецот го бранеше шампионскиот појас во последните четири пресметки, а по победата во октомври против Џастин Гејџи објави крај на кариерата.

Дана Вајт верува дека Хабиб би можел да се врати во октагонот и да се обиде да заокружи фантастичен скор од 30-0.

Но, Хабиб влезе во историјата со 29 професионални победи, ова е најдобриот скор на ММА борец.

Но, Тони Фергусон смета дека соодносот победи-порази не е правилен.

Ах,Хабибовиот скор. Факт. Повеќе од половина од тие професионални борби беа борби во две рунди. Сите пред УФЦ.

Во повеќето организации, потребни се три рунди за борбите да се сметаат за професионални. Ако е така, тогаш моите три победи во Ultimate Fighter може да се избројат. Дајте ми уште три победи и три нокаути“, напиша Тони Фергусон во објавата на социјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON