Тони Фергусон сака да се бори со најдобрите, го прозва Пориер

Еден од најпопуларните ММА борци Тони Фергусон има четири порази по ред. Ел Кукуј загуби во последните четири настапи против Џастин Гејџи, Чарлс Оливеира, Бенеил Дариуш и неодамна Мајкл Чендлер.

Многумина се на мислење дека Фергусон треба да се бори против некој послабо рангиран борец и се обиде да прекине една лоша серија.

Но, Американецот не го интересираат вакви противници, па се надева на уште еден меч против некој од врвот. Тој сака борба против Дастин Пориер.

Дијамантот моментално е на второто место како предизвикувач во лесна категорија. Во декември минатата година загуби во борбата за титулата од шампионот Чарлс Оливеира.

„Би сакал да се борам со Дастин Пориер. Обожава да се бори на нозе, па не би било лошо да направи таков меч“, изјави Тони Фергусон.

Пориер има желба да се бори со Колби Ковингтон или против некој од врвот на лесна категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON