Еден од најпопуларните УФЦ борци Тони Фергусон (38) на победа чека три години.
Ел Кукуј последен пат победи во јуни 2019 година кога го совлада Доналд Цероне, по што загуби четири борби по ред.
Подобри од него беа Џастин Гејџи, Чарлс Оливеира и Бенеил Дариуш, а во текот на викендот загуби и од Мајкл Чендлер кој го нокаутираше со преден ножен удар на стартот од втората рунда.
Во пресрет на настанот УФЦ 274 во Феникс, шефот на УФЦ, Дана Вајт, изјави дека на Фергусон не му се заканува отказ доколку загуби од Чендлер.
Но според она што го покажа на пресметката против Мајкл тешко дека ќе најде место меѓу најдобрите во категоријата.
Ел Кукуј во порака преку Твитер му ја честита победата на Чендлер, а најави и нови борби во најголемата светска ММА организација.
„Добро си поминав, а навивачите беа луди и ми се допаѓа. Прекрасно е чувството да се вратиш и повторно да бидеш гладен. Само што почнавме. Мајкл, ти посакувам се најдобро во следната борба“, напиша Тони Фергусон.
Кој знае какви планови има УФЦ со Фергусон. Можеби неколку победи со послабо рангирани борци би му ја вратиле самодовербата. Но, Тони рече:
„Се враќам“.
Tony Ferguson says he will “be back” following loss to Michael Chandler at UFC 274 pic.twitter.com/BdNS5uLitz
— Chris Taylor (@CTaylor_96) May 9, 2022