Тони Фергусон го нападна Хабиб Нурмагомедов за откажувањето на борбата на УФЦ 216

На крајот од минатиот викенд разбравме дека непоразениот предизвикувач во лесна категорија на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов, одбил да се бори со Тони Фергусон на УФЦ 216, која, се разбира, требаше да се случи уште на УФЦC 209 во март. Зборувајќи за RT.com, Нурмагомедов објасни дека нема време да се подготви за борбата на УФЦ 216 на 7 октомври и дека наместо тоа се надева дека ќе се бори со Фергусон на УФЦ 217 на 4 ноември.

„Тоа е датата која ја побарав од УФЦ. Прво ми понудија борба на 7 октомври (УФЦ 216), но немаше како да ја прифатам. Сакам добро да се подготвам и не сакам телото да го изложувам на ризик. Не сакам да ја направам истата грешка и да притискам телото. Треба да внимавам на моето здравје, нешто што го правам во последните четири месеци. Сега ми требаат најмалку 100 дена тешка работа, за да се вратам за битката“, изјави Нурмагомедов.

„Сега веќе тренирам 100 отсто. Целата моја медиумска активност заврши и одам директно во Дегестан на тренинг камп од месец или месец и половина. Потоа ќе одам да тренирам во САД, околу два месеци. Значи, за борбата ќе бидам подготвен доцна наесен. Како што реков порано, пак ќе ја повториме истата борба со Тони Фергусон за поајсот“, додаде тој.

Очигледно Нурмагомедов нема проблем да почека малку подолго за мечот со Фергусон, Ел Цицуј не е толку среќен со овој став на Хабиб. Во вторникот попладне Американецот на Твитер го нападна Нурмагомедов за одложувањето на борбата.

„Ти понудив борба на УФЦ 216 и ти ја откажуваш? Излези од циклусот на тирамисуто. Ќе продолжам да тренирам, кучкин сине“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON