Тони до Конор: Нема лесно да извлечеш во борба со мене

Поранешниот шампион на УФЦ во лесна категорија, Тони Фергусон повторно ја чека борбата со Конор Мек Грегор.

Тони, кој моментално е на 9-тото место, е во серија од четири последователни порази, од кои последниот беше минатиот месец на УФЦ 274.

Последниот пораз на Конор беше во јули минатата година, кога на мечот со Дастин Пориер ја скрши ногата.

Се чини дека Тони моментално гледа можност да заработи добри пари, бидејќи и двајцата борци имаат голема база на фанови. Затоа не се двоумеше да го предизвика Ирецот:

Последната победа Фергусон ја имаше против Доналд Цероне на УФЦ 238.

И Мек Грегор последен пат славеше над Цероне во полусредна категорија за 40 секунди во јануари 2020 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО