Тони Белју: Џошуа ќе го победи Фјури

Поранешниот шампион на ВБЦ во полутешка категорија Тони Белју предвидува победа на Ентони Џошуа над Тајсон Фјури во евентуалниот меч меѓу нив, кој треба да се одржи во 2021 година.

Во последните денови, најочекуваниот меч во последните 20 години, повторно стана тема број еден. Причината за ова се гласините дека Дионтеј Вајлдер нема да се бори против Фјури годинава.

Во исто време, шампионот на ИБФ, ВБО и ВБА треба да се справи со Кубрат Пулев, иако оваа среедба сè уште официјално не е објавена.

„Има само еден боксер во тешка категорија кој може да им одолее на вештините, брзината и прецизноста на Фјури“, изјави Белју, инаку близок пријател на Џошуа.

„А тоа е Ентони. Исто така мислам дека тој ќе има далеку повеќе проблеми во евентуалниот реванш со Дилиен Вајт.

„Дилиен сака да оди напред и да влегува во размена на удари. Двајцата имаат солидна подготвеност, поради што мислам дека Вајт ќе победи во психолошки дуел.

„Ако реши да боксира против Дилиен, неговите шанси ќе бидат многу поголеми. Но, кога емоциите ќе завладеат, работите излегуваат од контрола. Затоа мислам дека Еј Џеј ќе се справи со Тајсон, бидејќи тој ќе влезе таму со чист ум и разум во главата“, додаде Белју.

„Никој не пари комбинации како што прави Ентони. Има брзина, сила и бес во ударите. Против Фјури ќе има на располагање шест рунди за да го победи. Потоа, никој не може да го победи Тајсон“, заклучи поранешниот шампион.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON