Едно од најголемите враќање на регионалната ММА сцена минатата година дефинитивно беше она на Томо Спаховиќ. „Босанскиот ѕвер“ се врати на домашен терен во Сараево (ФНЦ 14), но не успеа да го совлада Миран Фабјан.
Тоа беше негов прв меч откако ја отслужи затворската казна, а се чини дека искуството му беше многу корисно во животот. Имено, тој гостуваше во подкастот на Давкаст каде изјави дека секој треба да помине малку време зад решетки.
„На сите би им препорачал затвор од две години. Секој како сака нека го разбере. Една година не е доволна, само да ви се одмори мозокот. Тој што нема дисциплина и ред ќе научи дека таму, бидејќи нема војска. Да сум јас на власт секој што ќе наполни 18 години ќе го праќам во војска. Не на шест месеци, туку на две години“, рече тој.