Томислав Спаховиќ се предаде на полицијата

Tomislav-Spahović ok

Еден од најдобрите ММА борци од Босна и Херцеговина, Томислав Спаховиќ – Ѕверот му се предаде на Министерството за внатрешни работи во кантонот Сараево, пишуваат медиумите во Б и Х.

Спаховиќ се предаде во придружба на неговиот адвокат Омар Мехмедбашиќ, но деталите се уште не се знаат.

Потсетуваме, Спаховиќ се товари дека минатиот петок го усмртил Амил Гец во сараевската населба Буча, од кога е во бегство. Семејството на Спаховиќ тврди дека Томислав е невин.

Со оглед на тоа дека од порано му е одреден притвор, ќе биде префрлен во Казнено-поправниот завод во Сараево. Адвокатот Мехмедбашиќ за Klix.ba изјавил дека Спаховиќ ја негирал вината и се предал поради распишаната потерници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON