На крајот на октомври во Саудиска Арабија светскиот боксерски шампион Тајсон Фјури се бори против поранешниот УФЦ борец Френсис Нгану.
Боксерскиот меч беше договорен во десет рунди, а влог во таа борба нема да биде појасот на ВБЦ, кој е во сопственост на Фјури.
Многумина веќе ја анализираа таа борба, а последен меѓу нив е англискиот ММА тешкаш Том Аспинал, кој ќе му помогне на Џипси кинг во подготовките против силниот Камерунец.
„Многу боксери се борат слично, има двоен директ, еден-два, па лево кроше… Тие не се премногу различни, особено кога ќе поминеш низ сето тоа аматерски, а потоа ќе стигнеш до Олимпијадата. Повеќето се борат во ист стил“, изјави Том Аспинал, а потоа додаде:
„А кога ќе дојдете пред Дионтеј Вајлдер или Френсис Нгану кои удираат во круг и погодуваат аперкат, а се непредвидливи, тогаш тоа може да ве изненади, не сте навикнати на тоа. Да речеме ако Фјури и Џошуа боксираат, тоа ќе беше најлесната борба за Тајсон. Најлесната борба во кариерата, бидејќи ги знае сите тие потези. Тешко е за секој боксер да се бори со Вајлдер бидејќи тој само по случаен избор фрла големо кружно десно кроше. Така е и Нгану, па мислам дека Френсис ќе му направи повеќе проблеми на Фјури од Џошуа“.