Том Аспинал нема да каже дека е најдобриот ММА борец во тешка категорија во светот. Но, тој е најдобриот ММА борец во тешка категорија во моментов.
„Ова се фактите. Не се обидувам сам да си ја надувам сликата. Џон Џонс моментално е неактивен. Френсис Нгану исто така не е активен во ММА. Гледајќи на тоа така, јас сум всушност број еден во оваа категорија во спортот“, изјави Британецот за ММА час.
Аспинал не може да го исклучи шампионот на УФЦ во тешка категорија, Џон Џонс, кој останува на хоризонтот откако беше принуден да се повлече од УФЦ 295 поради повреда. Но, во моментов, верува дека е најдобар.
„Мислам дека идејата за борба меѓу Стипе и Џонс е неверојатна, но не привлекува толку голем интерес по мојата победа. Сега треба да стават било кој од нив против мене. Нема смисла да се бораат меѓу себе. Ајде да продолжиме. Сакам мојата кариера да напредува, а не да чекам“, додава Аспинал.