Том Аспинал шокантно се врати во УФЦ.
Британската ММА ѕвезда беше предводник на настанот УФЦ Фајт најт 224 во Лондон. Противник му беше Марчин Тибура од Полска. Аспинал успеа да го прегази за 73 секунди. Том започна со висок ножен удар, по што следеше комбинација. Марцин возврати со директ.
Удар во телото од Аспинал. Двајцата ја кратат дистанцата и Аспинал задава тежок удар со лакт. Десно кроше од Том и Тибура е на подот. Аспинал го следи и го опсипува со удари, а потоа судијата ја прекина борбата.
Аспинал победи со нокаут за 73 секунди. Со оваа победа Том се врати на победничките патеки. Пред 1 година загуби со технички нокаут откако се повреди во борбата со Картис Блејдс во Лондон.
Така, Аспинал сега има 6 победи и 1 пораз во УФЦ. Реално, поразот се должи на повредата што ја доби по 15 секунди од борбата. Том се закани дека ќе оди во Париз да ги гледа Сергеј Спивак и Сирил Гане.
Тој изјави дека ќе го предизвика победникот во борба што ќе произведе кандидат за титулата. Аспинал рече дека ќе го победи Џон Џонс откако ќе стане претендент за златото. Интересно, заборави на Сергеј Павлович, кој е кандидат број 1 во тешка категорија.
Поразот ја прекинува серијата од 2 последователни победи за Тибура.
Во конасловната борба Литванката Јулија Столијаренко ја победи Англичанката Моли МекКен со завршница во првата рунда.
Натаниел Вуд, поранешниот шампион на Кејџ Вориорс, ја освои третата победа во низа. Англискиот борец со едногласна одлука на судиите во тесен меч го совлада Американецот Андре Фили.
Шкотланѓанецот Пол Крег го победи Андре Муниз од Бразил со прекин во втората рунда.
Резултати од настанот УФЦ Фајт најт 224:
Том Аспинал – Марчин Тибура – ТКО (удари), Р1 (1:13)
Јулија Столијаренко – Моли МекКен – завршница (армбар), Р1 (1:55)
Натаниел Вуд – Андре Фили – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28)
Пол Крег – Андре Муниз – ТКО (лакти), Р2 (4:40)
Фарес Зиам – Џаи Херберт – едногласна одлука (29–28, 29–28, 30–27)
Лероне Марфи – Џошуа Кулибао – едногласна одлука (30-26, 30-26, 30-27)
Даниел Маркос – Дејви Грант – поделена одлука (28–29, 29–28, 29–28)
Воведни борби:
Џони Парсонс – Дени Робертс – ТКО (удари), Р2 (4:57)
Џоел Алварез – Марк Диакизе – завршница (брабо давење), Р2 (4:26)
Мик Паркин – Џамал Погес – едногласна одлука (30–27, 30–27, 30–27)
Махмуд Мурадов – Брајан Барберена – едногласна одлука (30–27, 30–27, 30–27)
Кетлен Виеира – Пани Кијанзад – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28)
Крис Данкан – Јанал Ашмуз – едногласна одлука (30–27, 30–27, 29–28)
Бруна Бразил – Шауна Банон – едногласна одлука (29–28, 29–28, 30–27)
Џафел Фиљо – Даниел Барез – завршница (гушење со рачен триаголник), Р1 (3:26)
TOM ASPINALL IS SO BACK #UFCLondon https://t.co/VtGy45SUTL
— Spinnin Backfist (@SpinninBackfist) July 22, 2023
THAT'S IT! TOM ASPINALL IS BACK! 😱
🏴 @AspinallMMA BLEW RIGHT THROUGH TYBURA! 🔥 #UFCLondon pic.twitter.com/agCY5wxFzK
— UFC Europe (@UFCEurope) July 22, 2023
Tom Aspinall stops Marcin Tybura in the first round 😤 #UFCLondon pic.twitter.com/vvypmYuUr4
— MMA Fighting (@MMAFighting) July 22, 2023