Шампионот на УФЦ во тешка категорија Том Аспинал го кажа своето мислење за Френсис Нгану, кој сака да боксира со Тајсон Фјури.
Аспинал тренираше со семејството на Фјури во текот на неговата кариера, па дури и спарираше со Џипси кинг. Ова се случи пред историската победа на Фјури над Владимир Кличко.
Френсис ја одбрани титулата во УФЦ со победата над Сирил Гане во јануари оваа година. Сега ќе го оперира коленото и ќе биде надвор од терените во следните 9 месеци. Нгану сака да направи боксерски меч со Фјури во 2023 година.
Аспинал мисли дека ова е грешка и рече во интервју за Мек лајф:
„Френсис едноставно не треба да го прави тоа. Човече, едноставно, не парви го тоа. Многу луѓе ги сакаат ММА борците. Тие мислат дека можат да боксираат. ММА борците можат добро да боксираат во ММА, но во боксот е поинаку. .
Треба да прават здрав спаринг со боксери од светска класа. Тогаш ММА борците ќе видат дека имаат многу работа за да дебитираат во боксот.
Боксерите можат силно да погодат. Тие навистина можат да удрат силно, многу силно“.