ТК Бутел втор на „Елит опен 2015“ во Србија

TK Butel vtor junori

Натпреварувачите на Таеквондо клубот Бутел од Скопје го освоија второто место во екипна конкуренција за јуниори на Меѓународниот турнир „Елит опен 2015“ во Србија.

На турнирот учествувале над 800 натпреварувачи од десет држави или преку 100 клуба.

Освоени се три златни медали, два сребрени и четири бронзени медали во А класа. Потоа еден златен медал во Б класа.

Костадин Георгиевски се издвоил со својот настап, забележал три спектакуларни победи со голема тензија кај публиката, велат од нашиот табор и нагласуваат дека во финалето е совлдан државниот првак на Србија во категорија -68 килограми за јуниори.

Дејан Георгиевски ја навестува добрата форма и не дозволи изненадување кај јуниорите во апсолутна категорија, го освои златниот медал во најтешката категорија. Исто така и Филип Додевски (-73 кг, јуниори) го освои златниот медал, а Ања Русовска (јуниор) е втора, додека Марко Стевиќ во сениорска конкуренција постигна извонреден резултат освојувајќи го сребрениот медал во апсолутна категорија, а бронзите се за: Иван Кртевски, Марко Аврамовски, Ненад Марковски и Дамјан Раевски.

На 5 декември овие натпреварувачи ги чека настапот на Балканското првенство во Србија.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON