Поранешниот борец на УФЦ во полутешка категорија, Тито Ортиз, изјави дека организацијата и понудила на Крис Киборг да се соочи Ронда Русеј во супер меч, што ќе се одржи на стадионот на Далас Каубојс во Тексакс. Објектот е со капацитет од 85 илјади места.
Тито Ортиз е поранешен менаџер на Крис Киборг и е во многу добри односи со неа, и по сè изгледа дека информациите доаѓа од самиот извор.
„Вчера разговарав со Крис (Џастино) и таа ми навести дека следната нејзина средба може да биде на стадионот на Далас Каубојс. Тоа и го понудиле од УФЦ. Лично, како пријател, ја советував да го прифати предлогот, бидејќи нема да има подобра шанса од таа.
Сега сè е во рацете на Ронда и нејзиниот тренерски штаб.
Дана Вајт во неколку наврати изјави дека ако Крис ја симне килажата до бантам категоријата, за него нема да има проблем да го организира овој меч“.