Едeн несреќен новинар одлучи да провери какво е чувството кога УФЦ легендата, Тито Ортиз, ќе ви залепи брутална шлаканица.
„Му давам дозвола на Тито Ортиз да ме исшлака“, рече храбриот новинар.
Ортиз не ја користеше целата сила, но по реакцијата на новинарот може да видите дека шлаканицата воопшто не беше пријатна. За работата да биде уште подобра, снимката е со бавно движење/слоумоушн.
„Д’ Хантингтон бич бед бој“ по поразот од Форест Грифин во 2012 се повлече од ММА, а само две години подоцна се врати, но овој пат под закрила на Белатор. Во промоција на Скот Кокер запиша две победи и еден пораз на последниот настап против Лиам Мек Гери на Белатор 1 Дајнамајт настанот минатата година.