Тито Ортиз е избран за советник Хантингтон Бич

Поранешниот шампион на УФЦ во полутешка категорија Тито Ортиз е избран за државен службеник. 45-годишниот член на Куќата на славните на УФЦ доби 34.901 глас за да добие место во Градскиот совет на Хантингтон Бич.

Тито е голем поддржувач на Доналд Трамп кој води неизвесна борба на претседателските избори со Џо Бајден, иако вториот имамала предност.

Ортиз има учинок 21-12-1 во ММА и се уште се натпреварува. Тој е под договор со Комбате Америкас, а на крајот на минатата година успеа да го победи Алберо Дел Рио. Ортиз е во серија од 3 последователни победи со завршница и победи во 5 од последните 6 борби во ММА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON