Тимур Хамикоев, македонскиот репрезентативец (БК Вардар) имаше одличен настап на Лила Меларкуп во Вестерос, Шведска, иако настапи во категоријата до 97 кг, и тоа во слободен стил за Ботирка В Академи. Буквално ги декласира своите противници.
Најпрвин го совлада Сим Квиле (БК Атен) со 10-0-технички туш, потоа со истиот резултат беше поразен и бјерн Јохансон (ИФК), со Кавај Илалдајев (Хусумс) се бореше 6-6 (ФС 5-0), но победата му припадна на него,а во финалето Томи Санд (Калсве ИФБ) беше совладан со технички туш 10-0.
-Не настапи во својата категорија до 86 кг, затоа што немаше толеранција, не му дозволив да симне од својата телесна тежина 2 кг ( сега има 88кг мускулна маса). Тимур не покажа никаква слабост против титаните во повисоката категорија и во друг стил, -изјави неговиот тренер Љубиша Пешко.
За тактичите поместувања Пешко вели: „Во поход сме на освојување на европски медали и олимписка норма. Доколку сте со нас, повелете, ни треба поддршка. Доколку нешто Ви смета – потргнете се, отстапете место и пробајте да не ни застанувате на зацртаниот пат! Ресени сме да победуваме се за остварување на зацртаната цел“.
Пешко се осврна и на штотуку завршеното Изборно првенство за младинци до 20 години во Радовиш: „Дојде Хамди Адили во сопствена режија и да докаже еднаш за секогаш, без случајности и интриги. Ги донесе да учествуваат своите двајца борачи, внукот, шампионот до 50 кг Ресул Адили и помладиот син, шампион до 60кг Адил Адили. Може да се каже повеке од 100 отсто успешност на БК Скопје (двајца учесници – двајца шампиони).
ipon.mk/В.Д.