Промоторот на Генадиј Головкин, Том Лефлер од К2 промоушнс испрати контрапонуда за борбата со Канело.
Голден бој кој ја води кариерата на мексиканскиот боксер минатата недела објави дека испратил осумцифрена понуда до Головкин за да се борат во септември 2017 година, наводно, бил околу десет милиони американски долари, но не се знае дали е вклучен и дел од продажбата на плати па гледај.
Иако во првичните вести од тимот на Канело се зборуваше де повредата на десната рака по натпреварот со Лиам Смит не е сериозна, подоцна беше објавено дека Мексиканецот го скршил палецот и нема да се бор, најверојатно, до мај следната година. Головкин планира да се бори и во оваа година.
Неговиот промотор бара поделба на профитот во проценти, како што е направено, на пример, во борбата Мејведер-Пакијао, а не фиксен износ. Мејведер во еден момент му понуди на Филипинцот износ од 40 милиони долари, а тој ја одби и на крајот заработката се делеше во сооднос 60-40 отсто за Американцот.
„Фиксен износ обично се нуди на боксер или предизвикувач кој е очигледно е „Б страна“. Мојата понуда до Голден бој е базирана на проценти“, рече Лефлер за Лос Анџелес тајмс.
Покрај преговорите со Голден бој, Лефлер се обидува да постигне договор за задолжителна одбрана на титулата на Головкин со секударниот ВБА шампион, Даниел Џејкобс. Можно ХБО да ја стави на борбата во програмата за 10 декември. Тој датум беше претходно резервиран за борбата на Канело.