Поранешниот тешкаш на УФЦ, Тим Хаг, почина откако доживеа нокаут на бокс мечот во петокот во Едмонтон.
34-годишниот Канаѓанец тешко е нокаутиран во втората рунда на средбата со Адам Бреидвуд (8-1, 7 КО).
По борбата заврши во болница на интензивна нега со повреда на главата.
Хаг се бореше во УФЦ во периодот меѓу 2009 и 2010 година. Во дебито со гилотина го победи Пат Бери, а ги загуби следните три борби – од Тод Даф, Крис Тачшерер и Џои Белтран. Во 2011 се врати во најсилната ММА промоција и загуби од Мет Митрион. Неговиот ММА резултат е 21-13. Петнаесет победи постигнува со нокаут. Во ММА претрпе 8 порази со прекин, но и два во боксот.
Неговата сестра во објавата на Фејсбук ја потврди неговата смрт.
„Со невидена тага и болка, со скршени срца морам да ви јавам дека Тим почина денес. Беше опкружен со семејството и ги слушаше своите најомилени песни. Многу ќе ни недостатаува“.
Хаг беше учител во училиште, а ММА кариера ја започна во 2010 година. Во првите 11 битки забележа 10 победи.
https://youtu.be/TkbuZnGodTY
.