Официјалното мерење на УФЦ Вегас 36 беше успешно за 19 од 20 борци кои имаат закажан меч за гала вечерта.
Двајцата вклучени во главната битка, Дерек Брансон и Дарен Тил, ја добија битката против вагата и беа во границите на категоријата „просечни“. Брунсон „закова“ 84,3 кг, а Тил 84,1 кг. Тил и Брансон се дел од Топ 10 во категоријата и победата викендов ќе го донесе еден од нив поблиску до борба за титулата.
Во коглавната битка вечер ќе видиме судир меѓу тешкашите Том Аспинал и Сергеј Спивак. Вагата покажа 112 килограми за Аспинал и 107,5 за Спивак. Победникот од овој меч најверојатно ќе добие место во најдобрите 15 на дивизијата.
Единствениот борец што не беше во категоријата е Џонатан Мартинез. Имаше 1,3 кг над дозволеното за петел категорија, па така неговиот дуел со Марсело Рохо е доведе во прашање.