Хари и Врожек тргнаа жестоко уште на мерењето (ВИДЕО)

Кикбоксерите Бадр Хари и Аркадиуш Врожек направија шоу на официјалното мерење пред Глори 78. Двајцата вперија тешки погледи откако стапнаа на вагата, а „Лошото момче“ дури и го турна противникот.

Тие ќе ја предводат гала вечерта на Глори во Ротердам, што ќе се одржи подоцна денеска и ќе се емитува на официјалната веб -страница на сиџирот. На настанот ќе бидат заложени и појасите во лесна, средна и полутешка категорија.

Шампионот во полутешка категорија Алекс Переира ќе му даде реванш на Артем Вахитов.

За слободната титула во средна категорија ќе има пресметка меѓу Донован Висе и Јусри Белгаруи. Тузани Безтати и Елвис Гаши ќе ги одмерат силите за појасот во лесна категорија.

28-годишниот Врожек (12-5, 7 КО), рангиран како 8-ми во категоријата, последен пат се бореше во ноември 2019 година кога го победи Деморео Денис во втората рунда.

Треторангираниот во тешка категорија Бадр Хари (106-15, 92 КО) последен пат се бореше во декември 2020 година кога беше запрен од Бенјамин Адегбуи во третата рунда во елиминацискиот меч за светската титула во тешка категорија. Мечот беше прв настап на Мароканецот по повредата и поразот од Рико Верховен една година претходно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО