Тешкашот Стефан Стојановиќ не знае да промаши – се закити со бронза на ЕП

Тешката артилерија на Макпетрол зане кога и како да дејствува, тешкашот Стефан Стојановиќ (+84 кг, У-21) славеше убедливо против Малик Багаев (Словачка) со 4-0 на Европското првенство за кадети, јуниори и У-21 во Ларнака, Кипар, за бронзениот медал.

Младите сениори ја продложија традицијата да се освојуваат медали на ЕП-а.

Како и Витомир Трајковски и Стефан Стојановиќ е носител на сребрениот мeдaл од Светското првенство во карате што се одржа минатата година.

Да потсетиме дека Витомир Трајковски пред малку го освои бронзениот медал, а Викторија Јовановска петтото место. Тројката на Макпетрол во сотставот на македоската репрезентација постигна голем успех. Ќе жалиме сите што Јовановска несреќно не освои бронзен медал.

На ЕП настапуваат 1136 каратисти од 41 држава.

Резултати – Европско првенство кадети, јуниори и У-21:

У-21

+84кг
Стефан Стојановиќ – Мераби Гелашвили (Грузија) 2-0
Стефан Стојановиќ – Ли Шеридан (Ирска) 2-0
Стефан Стојановиќ – Ондреј Босак (Чешка) 4-3
Полуфинале
Стефан Стојановиќ –Матео Аванзини (Италија) 4-5
За бронза
Стефан Стојановиќ – Малик Багаев (Словачка) 4-0

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON