Тешкашот кој минатата година го доживеа првиот пораз во кариерата е пред враќање во рингот

Рускиот боксер Арсланбек Махмудов (18-1, 17 КО) рапидно се искачи во редовите на најдобрите тешкаши во последните неколку години, а потоа во декември на настан во Ријад загуби од Агит Кабајел со прекин во четвртата рунда.

Германецот на почетокот од мечот го издржа огромниот притисок на Махмудов, а потоа со чудесен пресврт и силни удари во телото оствари убедлива победа.

Се уште не е познато кој ќе биде следниот потег на Кабајел, но потврдено е дека рускиот гигант ќе се врати во рингот на настанот на 25 мај предводен од мечот меѓу Кристијан Мбили и Марк Хефрон.

Противник на Арсланбек ќе биде боксер од Нов Зеланд, Јуниор Фа (20-3, 11 КО)), кој претрпе три порази во последните четири меча.

Во февруари 2021 година загуби од Џозеф Паркер, а потоа и од Лукас Браун, а го победи Туси Асафо.

Последната борба ја имаше на крајот на декември минатата година во Саудиска Арабија, кога загуби од Френк Санчез со прекин во седмата рунда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON