Во втората борба од сезоната на латиноамериканскиот Ултимејт фајт се случи една од најтешкие повреди кои имавме можност да ги видиме во кафезот на УФЦ, која автоматски сите борци и тренери ги шокираше.
Тоа се случи во борбата меѓу Марк Олан од Перу и Ерик Монтана од Мексико. Инаку, тренери во оваа сезона се двајца поранешни ТУФ победници. Победникот на 18-тата сезона, Келвин Гастелум се соочи со тренерот Ефраин Ескудеро, победник на осмата сезона. Настпуваат борци од девет земји, а право на учество имаат сите борци кои доаѓаат од шпанското говорно подрачје.
Инцидентот се случи за време на „suplex“ фрлање која се обиде да го изведе Монтана. Олан се обиде да го ублажи падот на рака и тоа не му беше добар потег, бидејќи дојде до тешка скршеница на раката, по што борбата беше прекината, а некои колеги беа со солзи во очите.
Инцидентот може да се види во приложениот видео.
https://youtu.be/Oec3kQD4Ims