Шампионот на Светската боксерска организација во лесна категорија, Тери Фланаган, ја забележа 31 победа (12 со нокаут) од 31 средба. Тој го победи на поени 42-годишниот ветеран Мзонке Фана на галавечерта во Кардиф. Британецот беше многу убедлив и ја одбрани титулата по трети пат.
Фланаган двапати го прати во нокдаун својот ривал, но доби лоша повреда на аркадата на десната јаболчница.
https://youtu.be/wZ_iFIXehiY