АктуелноБоксПрофесионален

Теренс Крaфорд остро го нападна ВБЦ откако му беше одземена титулата

Шампионот во супер средна категорија, Теренс Крафорд, реагираше луто на одлуката на Светскиот боксерски совет (ВБЦ) да му го одземе појасот поради неплатени казнени такси од последните две борби – против Сол Алаврез – Канело и Израел Мадримов.

Во видео објавено на социјалните мрежи, Крафорд директно му одговори на претседателот на ВБЦ, Маурицио Сулејман:

„Го видов Маурицио како многу зборува за тоа што не сум му платил 300.000 долари плус уште 100.000 долари провизија. Дали сакате да се извинам? Кој мислите дека сум? Подобро да се пожалите сами на себе. Јас не ви плаќам“.

Крафорд во септември ги освои титулите на ВБЦ, ВБА, ИБФ и ВБО откако го победи Канело Алварез и стана неприкосновен шампион во супер средна категорија. Сепак, ВБЦ веќе закажа борба за празниот појас меѓу Хамза Шираз и Кристијан М’Били.

Американецот тврди дека му ги платил истите такси на ВБЦ, како и на другите три светски организации, но ВБЦ инсистирал на поголема сума.

„Што те прави подобар од другите тела за санкционирање? Сите беа задоволни од она што го плаќав, а ВБЦ мисли дека се посебни. Тие имаат зелен појас, што не значи ништо“.

Откако му беше одземен појасот, Крафорд повеќе не е формално неприкосновен шампион, но самиот изјавува дека тоа не го загрижува:

„Можеш да го земеш проклетиот појас. И претходно ми беа одземени титули – тоа не значи ништо. Сè уште ме сметаат за неприкосновен шампион“.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON