Љубителите на боксот наскоро би можеле да добијат уште едно задоволство. Имено, како што пишува популарниот магазин „Ринг“, за апсолутен шампион во полусредна категорија е договорена борба меѓу Теренс Крафорд (39-0, 30 КО) и Ерол Спенс Јуниор (28-0, 22 КО).
За нивниот дуел се зборува веќе една година, а се чини дека е многу блиску до договор.
Мечот меѓу двајцата непоразени борци беше најавен за 17 јуни, а официјалната потврда треба да стигне до 22 април за кога е закажана пресметката меѓу Џервонта Дејвис и Рајан Гарсија.
Ерол Спенс ги има титулите на ВБЦ, ВБА и ИБФ, додека Теренс Крафорд го има шампионскиот појас на ВБО.
‼️ Errol Spence vs Terence Crawford for the undisputed WBA, WBC, IBF & WBO welterweight world titles is reportedly now set for June 17th in Las Vegas. It's claimed the official announcement is expected at Gervonta Davis vs Ryan Garcia on April 22nd. [According to @RingMagazine] pic.twitter.com/fgWKoj2YM1
— Michael Benson (@MichaelBensonn) April 4, 2023
Крафорд е на првото место на бројните ‘П4П’ ранг-листи. За многумина тој е еден од најдобрите боксери во светот, кој во текот на кариерата извојува неколку големи победи против Шон Портер, Кел Брук, Амир Кан…
А Спенс во текот на својата кариера се бореше против големи противници, меѓу кои и Кел Брук и Шон Портер, како и Мајки Гарсија, Дени Гарсија, Јорденис Угас…