Тепачка зад сцената ја откажа прес-конференцијата на УФЦ 279 (ВИДЕО)

Пречкањето меѓу Хамзат Чимаев и Кевин Холанд предизвика мешаница зад сцената, а тоа резултираше со откажување на прес-конференцијата на УФЦ пред настанот овој викенд.

Тоа го вели претседателот на УФЦ, Дана Вајт, кој потврди дека првичниот инцидент меѓу Чимаев и Холанд ги започнал проблемите кои ескалирале дури откако тој излегол на сцената за да ја почне прес-конференцијата во МГМ Гранд гарден арената во Лас Вегас.

Според многу луѓе кои биле сведоци на инцидентот, Чимаев го иницирал метежот кога го клоцнал Холанд зад сцената. Наводниот напад на Чимаев е она што предизвика работите да прераснат во уште поголем проблем.

Повеќе извори потврдија дека откако Холанд излегол на сцената за да ја започне прес-конференцијата заедно со неговиот противник Даниел Родригез, избила втора пресметка во која беа вклучени Чимаев, Дијаз и нивните соодветни тимови.

Вајт вети дека безбедноста ќе биде засилена за идните прес-конференции и исто така планира да зборува за бројот на луѓе на кои им е дозволено да ги придружуваат борците на настани како овој.

На крајот, Вајт рече дека никој не бил повреден во мешаницата и дека борбите ќе продолжат според планираното. Тој додаде дека не планира да изрече никаква казна за борците вклучени во различните судири, но сака да спречи такво нешто да се случи во иднина.

https://www.youtube.com/watch?v=uPoO-x1TJXw&feature=emb_title

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON