Тепачка на трибините на Т-Мобиле арена! Шон Стрикленд се степа со Дрикус Ду Плесис (ВИДЕО)

Шампионот на УФЦ во средна категорија се физички се пресмета со својот следен предизвикувач

Ноќта од петокот кон саботата се одржа прес-конференцијата на УФЦ наречена „Сезона 2024“. Шон Стрикленд и Дрикус Ду Плесис учествуваа на таа прес-конференција како предводници на настанот УФЦ 297.

На самиот почеток на прес-конференцијата си покажаа почит и се чинеше дека нема да има тензија меѓу нив. Меѓутоа, како што одминуваше времето, Стрикленд и Ду Плесис се повеќе ја вжештуваа атмосферата на микрофонот, при што Ду Плесис на крајот му кажа на Стрикленд дека ќе го претепа полошо отколку што некогаш го претепал неговиот татко насилник. Стрикленд беше видно погоден од зборовите на Дрикус.

Беше повеќе од јасно дека настанаа големи тензии меѓу Стрикленд и Ду Плесис, а ситуацијата ескалира за време на настанот УФЦ 296. Коментаторите на УФЦ за време на преносот ги информираа гледачите дека настанала тепачка на трибините и Стрикленд бил изведен надвор од арената.

Многу брзо на социјалните мрежи почнаа да се шират одредени снимки од таа тепачка. Јасно е дека Стрикленд и Ду Плесис се главните актери во овој инцидент, а голем број луѓе интервенираа за да спречат понатамошна ескалација. Според досега достапните снимки, впечатокот е дека Ду Плесис го извлекол подебелиот крај во овој конфликт.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Full Violence ™ (@fullviolence)

Нè очекува многу интересен настан на УФЦ 297, а се работи за настан кој е закажан за 20 јануари следната година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON